Making Yarra a Great Place - Macedonian

Како да ја направиме Јара прекрасно место за живеење

 pdf format Making Yarra (25.98kB)

Локалните жители доаѓаат да уживаат во многубројните паркови, продавници, ресторани, барови и ноќни клубови во Јара.

Тоа е одлично за нашите бизниси, но понекогаш може да има лошо влијание на локалната заедница, на пример, премногу врева и ѓубре, луѓе што се опиваат и лошо се однесуваат или ги оштетуваат имотите.

Секој што живее во општина Јара има право ноќе да се чувствува пријатно во својот дом и во заедницата. Општината тесно соработува со полицијата и со Агенцијата за заштита на животната средина (Environmental Protection Agency - EPA) во обид да ги намали овие лоши влијанија.

Ако трпите било какво лошо влијание, ве молиме пријавете го тоа.

Каде може да се пожалам?
Важно е да се пожалите во соодветната организација; погледнете ја подолната табела за список на организациите каде што може да се јавите.

Вид на поплака

Во Општината

Во полицијата на Викторија


EPA (Во Агенцијата за заштита на животната средина)


Врева од куќа


Врева од музика од бар/клуб/ресторан

Пијано, заканувачко или навредливо однесување

 

Малолетници што пијат алкохол

 

Оштетување на приватен имот

 

Оштетување на општински имот

 

Фрлање отпадоци


Пушење на недозволени места

 


Предмети што ги попречуваат пешачките патеки

 

Групи луѓе собрани на пешачка патека/улица


Опасно возење

 

 

Немили случки поврзани со дрога
Општина
9205 5555 – работи 24 часа

Полиција на Викторија
000

Агенција за заштита на животната средина (EPA)
1800 35 25 55

За повеќе информации за заштитата на мирот и спокојството во соседството, ве молиме јавете се во Општината на 9205 5255, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au/services. Исто така може да зборувате со некој на вашиот јазик ако се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

За информации за нашите преведувачки служби, ве молиме телефонирајте на 9280 1940 и побарајте информативна книшка за Yarralink, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au.

Back to top
Back to top Back to top